ДЕБАР ВО ШОК: Маж се обидел да силува 42 годишна сограѓанка

Жител на Дебар кој се обидел да силува своја сограѓанка, е приведен и лишен од слобода.

Во саботата околу 22:00 часот, бил приведен и од слобода го лишен Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување”. Лицето Б.Д., делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Димоски додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter