Две годишно дете е најмлад македонски милионер, а милијарда денари приход имала Скопјанка!

Околу 17 милиони евра, односно 1 милијарда и 57 милиони денари годишен бруто-приход пријавила жена од Скопје за 2018 година. Од УЈП информират дека со таа сума жената се нашла на врвот на пирамидата.

Првите десет места ги земаа седум граѓани на Град Скопје, а останатите по еден од Тетово, Струмица и Гевгелија.

Исто така направената анализата според возраста, кажува дека најмладото лице кое е пријавено со над милион денари приход има само две години. Роден во 2018 година кое доходот го остварил по основ на дивиденда. Најмладото лице во групата над 10 милиони денари приход имало 21 година.

На спротивната страна на возрасната анализа, највозрасниот милионер имал 99 години, додека во групата над 10 милиони денари највозрасниот имал 93 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter