Двајца починати, тројца излечени и нови 46 случаи на коронавирус во земјава

Денес од Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти, од кои едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов, додека другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица“, наведено е во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter