Двајца починати и нови 44 позитивни на Ковид-19 во Македонија

Од Министерството за здравство денеска информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од Ковид-19 починаа двајца мажи, од кои едниот на возраст од 45 години од Куманово, додека другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот пациент кој е од Куманово имал доста џдравдтвени проблеми и тоа дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека другото починато лице од Дебар имало Хронично обструктивен бронхит и хипертензија и идтото примало терапија за двете хронични заболувања, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во изминтото деноноќие направени се вкупно 392 нови тестирања, од кои потврдени се 44 нови случаи на коронавирус во земјата, и тоа во Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти позитивни на Ковид-19 до денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

• Скопје- 175
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 14
• Тетово – 10
• Прилеп – 10
• Струга – 7
• Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter