Дали ќе најдат заедничко решение Заев и Мицковски?
Зоран Заев истакна дека е спремен за средба со Христијан Мицковски, во врска со изнаоѓање решение поврзано со Законот за јавно обвинителство.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев предлага да се најде заедничко решение меѓу опозицијата и власта и и истото да се донесе додека функционира Собранието. Исто така Заев е во преговори и со независните пратеници кои беа исклучени од партијата на Мицковски.
Текстот предложен од министерката за правда, Рената Дескоска, сеуште не е разгледан од ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека намерно го одлоговлекуваат за да на крај не се донесе Законот за јавно обвинителство и се песимисти дека може да се најде компромис меѓу двете страни.
Потребата за усвојување на законот, ја истакна и комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји. Исто така во меѓувреме, спикерот, Талат Џафери изјави дека Собранието може да го донесе законот веднаш, доколку власта и опозицијата ги надминат разликите.