Дали НАТО може да помогне во борбата против коронавирусот?

Во моментот НАТО својата улога во новата ситуација која го погоди светот ја гледа како помагач со медициндки помош и воздушни транспортни .
„Солидарноста на НАТО во моментов е многу потребна“, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. Тој и неговите колеги за прв пат одржаа виртуелна средба на НАТО – преку безбедна врска, како што беше нагласено. За првпат на заедничката „виртуелна маса“ беше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Цивилната тема на справувањето со кризи беше во фокусот на дискусиите. „НАТО може да се прилагоди на околностите на кризата со Ковид-19“, ветува генералниот секретар Јенс Столтенберг. Толку големо единство одамна немало.

Воздушен транспорт и медицинска опрема
„НАТО е основан за да се справува со кризи“, ја објасни Столтенберг новооткриената додадена вредност на воениот сојуз. Затоа од главниот командант на Алијанската во Европа, Тод Волтерс, беше побарано да ги координира новите понуди за помош, да открие кои уште кои способности на НАТО може да се користат и да го забрза доставувањето на помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter