ГРЦИЈА: Платено сместување за туристите доколку се разболат од Ковид-19 за време на нивниот престој во државата

За сите туристи кои ќе патуваат во соседна Грција, а воедно ќе бидат позитивни на Ковид-19 за време на нивната посета на земјата, државата согласно донесената одлука од страна на Владата, ќе го плати сместувањето за истите.

„Ние го сторивме тоа во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа. Очекуваме далеку помал број случаи, но се надеваме дека нема да ги има, затоа што се смируваат епидемиолошките циклуси во европските земји од каде што ги очекуваме туристите“

рече владиниот портпарол Стелиос Пецас за грчките новинари

На 15 јуни, Грција ги отвара своите граници за туристите кои ке одлучат за го поминат својот одмор во нивната земја, без притоа да имаат направено тестирање или да бидат сместени во карантин. Тестирање ќе се прави по случаен избор на лица кои ке ја преминуваат границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter