Грците предвидија кога ќе може да се оди на плажа

Според предвидувањата и проценките кои ги прават грчките лекари, на плажа најверојатно ќе почне да се оди дури во јули.

Според нив попуштањето на ограничувањата поради пандемијата веројатно ќе може да започнат во мај, а во дури во јули веројатно ќе може да се оди и на плажа.

Од друга страна има спротивставени мислења кои велат дека нивните проценки се „оптимистични“ и предупредуваат дека дури и тогаш животот нема да биде како што беше претходно.

Април е пресуден за коронавирусот во Грција, вели за атинска ТВ-МЕГА професорот по клиничка вирологија на Универзитетот на Крит Јоргос Сурвинос.
Грција има 1.755 заразени, вкупно 79 починати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter