ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ГРАМ СОВЕСТ: Убавото време ги наполни парковите и кафичите! Какви мерки треба да се превземат за да се крене свеста кај граѓаните?

И покрај мерките кои ги спроведува владата и зачестените прес конференции кои ги држи министерот за здравство Венко Филипче, сепак граѓаните на нашата држава не се придржуваат кон препираките, односно ода останат дома и да излегуваат кога тоа е неопходно.
Денес во центарот на главниот град па и во другите градови во Македонија, кафичите, парковите и трговските центри беа преполни.
Какви мерки треба да се превземат за граѓаните на Македонија да останат во своите домови и да не излегуваат без потреба?
Дали е потребно да се превземаат построги мерки кои ке го казнуваат несовесното однесување на луѓето? Најпрвин тргнете од самите себе, а потора размислете на вашите најблиски. Ако не дојствуваме сега, кога?
Апелираме да се крене граѓанската свест на повисоко ниво и да станеме свесни за последиците кои можат да настанат со ширењето на Ковид-19, не само последизи по здравјето, туку последици кои можат да го погодат целото општество и сите сектори во него.
Па затоа препорачуваме вашето викенд кафе да го испиете дома, на балкон!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter