Градоначалникот, Курто Дудуш ја призна вината за извршениот напад – жали за стореното дело

Градоначалникот, Курто Дудуш ја призна вината.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска е осуден поради извршен напад врз лицето Демир Исмаил. Пресудата која е донесена се однесува на кривично дело, односно нанесување на тешка телесна повреда, со тоа добил “судска опомена”.

Градоначалникот Дудуш изјави дека му е жал поради стореното дело, а нападнатиот Исмаил изјави дека ќе покрене нов судски спор во кој ќе бара оштета.

Откако го призна нападот, Дудуш доби “судска опомена” од страна на судијата Ѓоко Ристов.

Во еден од исказите Демир Исмаил, кој воедно е претседател на Европската ромска дијаспоре “Асва” истакнува дека бил нападнат од страна на Курто Дудуш на Ромски бал, бидејќи неговата организација има донирано облека и храна на жителите на Шуто Оризари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter