Го убил сопствениот 13 годишен син додека спиел, се плашел дека сопругата нема да го воспита

Татко, го избодел својот 13-годишен син затоа што се плашел дека неговата сопруга нема да може да го воспитува сама по неговата смрт, пренесе „Дејли мејл“. Тој боледувал од тумор на мозокот во терминална фаза.

Олег Драчев (40) е уапсен во Москва под сомнение за сторено кривично дело. Тој се обидел да ја избоди и неговата сопруга, но таа успеала да се скрие во бањата и да повика полиција. Драчев слободното време го поминувал со синот, велат од семејството.

Според московскиот „Комсомолец“, тој и рекол на полицијата дека се плашел дека никој нема да може да го замени. Тој не верувал дека неговата сопруга ќе може да ја врати хипотеката и да го одгледа детето. Неговата сопруга која била на работа се вратила дома бидејќи никој не одговарал на нејзините телефонски повици. Во креветот го нашла избодениот син, а нејзиниот сопруг потоа ја нападнал. Сепак, таа успеала да се одбрани и да се заклучи во бањата сè додека не пристигне полицијата.

Не можете да замислите колку го сакаше својот син. Никогаш не го казни. Сепак, после неговата дијагноза, тој полуде, рекла мајката на убиецот.

Истрагата е во тек а убиецот се наоѓа во психијатриска болница во Москва.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter