ГОЛЕМА КАТАСТРОФА: Голем број возила предизвикаа верижен судир

Во вчерашниот верижен судир на околу 200 возила во реонот на градот Ла Прери, јужно од Монтреал, загинаа две лица, а 90 се повредени , соопштуваат од канадската полиција.

Додека здравствените власти соопштија дека 60 луѓе се здобиле со полесни повреди, а 30 со посериозни. Двајцата загинати се наоѓале во исто возило.

Причина за несреќата е ненадејна виулица, која предизвикала намалена видливост.

Локалните медиуми информираат дека меѓу судрените возила имало десет камиони, шлепер со гориво, патнички и училишни автобуси во кои имало деца, но за среќа меѓу нив нема повредени. На местото на инцидентот веднаш биле испратени десетици амбулантни и пожарникарски возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter