Во сообраќајка загина 18 годишна девојка додека возела часови од автошкола

Во страшна сообраќајка во Босна и Херцеговина кај Цазина загинала 18- годишна девојка Амина Беширеваќ која возела часови за обука за возачка.
Амина само што матурирала и почнала да вози часови со автомобил „голф 6“ во сопствеништво на локална автошкола.
Во страшната несреќа полесно е повреден нејзиниот инструктор.

Несреќата се случила на опасна кривина, откако камион удрил во автомобилот а на истото место и претходно имало сообраќајќи.

Освен полицијата и брзата помош, на местото на несреќата имало и пожарникари кои помагале при извлекување на телото на загинатата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter