ВНИМАВАЈТЕ: Вечерва на овој патен правец повторно има голем одрон кој предизвикува потешкотии во сообраќајот

– Одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица предизвикуваат потешкотии во сообраќајот. Возачи посочуваат дека одроните се најизразени на еден километар пред селото Илиово во правец од Делчево кон Македонска Каменица.

– Одроните се распослани на целиот пат на споменатата делница, при што е присутна опасноста при поминување со поголема брзина. Поради ноќта не се видливи одроните и при поминување на оваа делница возете претпазливо.

Од ,,Македонија пат” која е задолжена за одржување на коловозот, велат дека нивни екипи редовно го контролираат теренот, а кај споменатата делница се работи на расчистување на одронот.

– Апелираме сепак возачите да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да се движат на овој патен правец, поради честата ваква појава, велат од ,,Македонија пат”.

Поради појава на слана, на дел од овој патен правец се вози по влажни коловози, уште повеќе според надлежните ја наметнува потребата возачите да возат внимателно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter