ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието

Откако министерката за правда, Рената Десковска го одбила барањето на ВМРО-ДПМНЕ во следните половина час да го повика државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да земе учество во констриурањето на законот, ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието поради одбиеното барање.

Идејата за присуство на Јовески која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако тие прочитале негово интервју каде вели дека приоритет е носење на нов квалитетен закон за Јавно обвинителство.

„Јовески треба да присутен на дебатата бидејќи тој минатата година даде изјава, цитирам: ‘Она што е неопходно е носење на нов закон за ЈО, но квалитетен закон, а не некој со дневно политички влијанија’. Затоа сметавме, бидејќи е државен функционер, исто како Дескоска, мора да биде присутен на ваква средба која се однесува на предлог-законот за Обвинителството кое тој го раководи. Задоволни сме што Дескоска прифати да биде присутна стручната правна фела, но не сме задоволни бидејќи не прифати да го повика Јовески“.

рече Милошески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter