ВМРО-ДПМНЕ прогласи епидемија на НЕПОТИЗАМ
Во Македонија владее епидемија на непотизам – тврдат од ВМРО-ДПМНЕ
Истакнуваат дека СДСМ го празни буџетот и ги троши парите на граѓаните, преку вработување на деца, сопруги, братучеди, тетки, чичковци, блиски и далечни роднини на партиските функционери.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не постои функционер од СДСМ кој ја нема вработено целата фамилија во јавната и државна администрација и дека ги користат последните моменти на власт за да ги згрижат своите партиски активисти.
Во целата држава владее непотизам, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, и даваат примери за тоа, каде се и во кои општини функционерите ги вработуваат своите најблиски.