ВМРО-ДПМНЕ ВЕТУВААТ: 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата

Денеска преку соопштение до јавноста кое го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека економски раст, зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места е можно само со инфраструктурни проекти и модерна мрежa на патишта и железничка пруга низ цела Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ предвидува 2 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата. За 4 години од сега ќе нема неасфалтиран пат во Македонија. Битола конечно ќе добие автопат. Планираме изградба на автопат од Скопје до Битола. Возењето со автомобил на тој начин ќе се скрати на час и половина. Дополнително ќе има неколку експресни патишта. Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмуца – бугарска граница, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Куманово – бугарска граница. Регионалните центри ќе бидат поврзани со автопат или експресни патишта. Секој крај на државата ќе биде лесно достапен од која било точка, велат од партијата.

-По 12-ти април ќе инвестираме во Македонија. По 12-ти април Македонија влегува во фаза на обнова. По 12-ти април повеќе за секого.

стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter