Вкупно 114 позитивни на Ковид-19 во Македонија

Бројот на позитивни на коронавирус во земјава достигна бројка од 114 лица во последниве 24 часа, информираат од Министерството за здравство.

Според најновите податоци, детектирани се 29 новозаболени во текот на вчерашниот ден, од кои најголем дел се од главниот град, Скопје.

Освен во постојните шест градови каде што имаше заболени од коронавирусот (Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид и Кавадарци), коронавирус во последниве 24 часа е детектиран и кај едно лице во Куманово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter