Ви ги гледаат необлечените жени и децата, екранот е исклучен, но мобилниот работи – Откритие на Сноуден

Се крие во Москва откако избега од САД. Во последните неколку денови, по долг период даде интервју за светските медиуми, по повод издавањето на своја книга.

Открива како живее во главниот руски град, каде пристигнал пред шест години, започнал нов живот на тајна адреса, но и натаму се плаши дека американските тајни служби сакаат да го елиминираат.

Едвард Џозеф Сноуден го здрма светот во 2013. година, откако бил ангажиран да работи хонорарно за ЦИА, при што имал пристап до најстрогите тајни на Националната безбедноста агенција.

Работел на прислушување на граѓаните преку компјутери и мобилни телефони. Имал пристап до сите мејлови, СМС пораки, четови.. И сфатил дека со тоа најостро се руши приватноста на луѓето, што многу го разочарало. Одлучил дека нема да биде дел од тој систем.

Најпрво се обидел да ги предупреди шефовите, но тие не обратиле внимание на него. Потоа собрал над илјада документи и докази како тајната служба навлегува во приватноста на граѓаните.

Седнал во авион и на 20-ти мај 2013 отпатувал во Хонгконг. Десет денови подоцна на тројца американски новинари им открил класификувани документи кои ги носел со себе и кои биле доказ за надзорот кој над граѓаните го правеле американските и британските служби.

Приказните и документите набрзо се објавени во Гардијан и Вашингтон Пост. Следувала објава и во Шпигел и Њујорк Тајмс, а на 30-от роденден на Сноуден, на 21-ви јуни 2013, САД му го укинале пасошот и беше обвиниет за шпионажа и кражба на владини документи.

Од Хонг Конг лета кон Москва, каде бара азил. Знаел дека доколку го фатат или се врати во Америка, би можел да заврши во затвор од неколку децении. Повеќе од месец живеал на аеродромот во Русија, а потоа му бил одобрен азил до 2020 година. Сепак, брзо се оженил, па добил шанса да остане и понатаму.

-Мора да знаете дека на почетокот работев за ЦИА и не знаев за масовниот надзор. Дури кога влегов во седиштето на НСА, од каде на крај дадов отказ, добив задача и можност да го видам целосниот надзор. Дојде човек кој најпрво ме обучи околу некои работи. Седеше на стол и се вртеше, му беше забавно. Често ми покажуваше голотии кај некои личности. Кога ќе се појавеше гола жена на екранот ќе викнеа: БИНГО!

На прашањето што било пресудно да се одлучи повеќе да не работи таму, Сноуден вели дека започнал чекор по чекор да ги сфаќа работите како што биле.

-Сфатив дека користам алат за масовен надзор. Но, се тоа беше апстрактно. И одеднаш забележав дека ја гледате личноста која ве гледа преку екран. Секако, таа не знае дека ја гледате. Но, сфаќате додека луѓето читаат нешто на компјутерот, ние ги гледаме. Ми требаше цела вечност да се приспособам“, додава Сноуден.

Сноуден овде не запира, тој најавува дека „најлошата опасност и натаму е пред нас“. Со тоа тој само потврдува дека и натаму целата технологија оди кон тоа да го следи човекот во секој негов чекор.

Тој одговараше на повеќе прашања од страна на новинарите. Едно го привлече вниманието. Дали Русија се мешала во изборите во САД при изборот на Трамп за претседател.

-Речиси сигурно Русија се вмеша во изборите за избор на Трамп. Но, дали САД се меша во изборите? Секако. Тие тоа го прават во последните 50 години. Секоја земја поголема од Исланд се меша во сите клучни избори, па иако тоа сите го негираат, реалноста е сосема друга,- истакна Сноуден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter