(ВИДЕО) – 80 годишна пензионерка раскажува за нејзиниот секс со 35 годишното момче

На британското шоу „This Morning”, чии водители се познатите Холи Вилоги и Филип Скорфилд не можеле да престанат да се смеат откако ја слушнале необичната љубовна сторија на пензионерката Ирис Џоунс, која има 80 години, а дејствува како млада тинејџерка.

Таа пред камерите раскажала за тоа како се заљубила во своето 45 години помладо момче Мухамед Ахмед Ибрахим од Каиро, кој го запознала на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Додека ја прашувале пензионерката за нејзините навики во кревет, водителите не биле подготвени за експлицитни описи од Ирис, кои ги дала до детал.

„Првата ноќ беше прилично груба. Не сум била со некого 35 години, верував дека повторно станав девица“, започнала бабата, на што Скофил реагирал ставајќи ги рацете на лице и чудејќи се.
Потоа станало се поурнебесно.

„Смеам ли да ви кажам што користевме? Користевме цела туба лубрикант“, додала Ирис, па продолжила.

„Работата е во тоа што утредента не можев да одам. Се чувствував како да сум јавала коњ без седло. Сепак, го пребродевме тоа“, рекла виталната 80-годишна жена, но истакнала дека нејзината врска со младото момче не се заснова само на секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter