ВИДЕО: Ѓорге Иванов евакуиран во Австралија, се вклучи безбедносниот аларм!

Аларм кој се уклучува поради безбедносни причини го прекинал говорот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во Мелбурн, Австралија, додека тој се обраќал на говорницата на донаторската вечера организирана од Македонската добротворна организација.

„Да не ме предупредува да прекинам со говорот?“

праша Иванов

Во салата откако се вклучил алармот настанала паника и за кратко време присутните кои биле на донаторската вечер биле евакуирани од салата. На местото веднаш пристигнале противпожарните екипи, прегледале зградата и по проверката присутните се вратиле во салата и Иванов го продолжиле својот говор.

Досега нема одговор од надлежните која е причината за вклучување на алармите и што точно се случило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter