ВИДЕО: Сергеј Варошлија сведочеше во одбрана на Боки 13

Сергеј Варошлија, како и Марија Јанковска која е сопственичката на оптика и сопственикот на галерија Алекс Кртов, денеска пред судот сведочеа на судењето за случајот „Рекет“.

Варошлија, сведочеше трет по ред, и рече дека со Бојан Јовановски се познава доста години, повеќе од 15 години, со кого има и соработувано на бизнис план и се имаат дружено.

– Бидејќо често патувајќи низ светот среќаваше многу познати луѓе од модниот бизнис и често беше поканет на разни ревии и промоции, стално му подаруваа парчиња облека зашто го сметаа за инфлуенсен и посебен балкански лик, изјави Сергеј.

По отворањето на телевизијата 1ТВ, кажа дека бил вработен како заштитно лице на истата.

– Најпрво имав авторски договор, а потоа бев и вработен. Добивав плата на сметка, рече Варошлија.

Ана Камчева му била клиентка, додека Зоран Милевски, познат како Кичеец, најпрво го знаел од град, а потоа и интензивно кога почнал да се дружи со Јовановски.

Варошлија, посочи дека бил поканет некогаш и на ручек во ресторан од Бојан Јовановски, каде била и Ана Камчева.

На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски, како се финансирала 1ТВ, Варошлија рече дека имале многу клиенти и реклами, посочувајќи дека требал да ја промовира водата Пелистерка во својата емисија.

На прашање од обвинителката Вилма Рускоска, дали му е познато дека има фискални сметки за брендираната облека, Варошлија рече дека не му е познато, но и дека не тврди дека се му е подарено.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter