ВИДЕО: Сведоштво на мајка за чудо кое се случило во манастирот Oстрог

Свети Василиј Острошки е Светец кој се прославува и на кого му се молат дури и католиците и муслиманите. Ова не треба да ве чуди бидејќи позади овој чудотворец се врзуваат бројни сведоштва за исцелување на различни болести.

Едно сведоштво поврзано со овој чудотворец е и девојчето Вишња која не зборувала цели шест години.

Според кажувањата на семејството, девојчето умеело само да покаже што сака да направи, можело само да јаде и да се облече, но од нејзината уста не излегувал ниту еден збор.

Родителите барале лек и под дрво и под камен, ја носеле кај најдобрите лекари, но решение немало. Тогаш решиле да се свртат кон верата и одлучиле да ја однесат својата керќичка во манастирот Острог, за да му се молат на Свети Василиј Острошки.

Тоа и го направиле – отишле во чудесниот манастир каде монахот прочитал неколку молитви за здравје. Преспале во манастирот на 12. мај на празникот Свети Василиј.

Тој ден се отвара ковчегот со моштите на светецот.

– Кога влеговме, монахот ја стави нејзината рака на моштите, ја спушти својата рака на нејзината глава и, и читаше молитви, раскажала Драгана, мајката на Вишња.

Два месеци подоцна откако биле во Острог, семејството заминало на море и тогаш се случило вистинско чудо.

– Седеше на креветот и одеднас проговори, рече Мамо, дојди. За малку ќе се шлогирав, се сеќава мајката која не можела да поверува дека нејзината ќерка Вишња прозборела.

Во продолжение слушнете го сведоштвото на мајката на Вишња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter