[ВИДЕО] – Продавачка НОКАУТИРАШЕ полицајка во Србија, колку години затвор и се предвидуваат доколку ја осудат?

Продавачката која пред неколку дена во Србија на пазар удри комунална полицајка би можела да заврши зад решетки и таму да помине и до осум години, поради нападот на службено лице во извршување на должноста.

Бидејќи таа ја признала вината, пуштена да се брани од слобода до крајот на постапката. 

Инцидентот кој ја крена Србија на нозе се случи во неделата предпладне кога С.Д. која продаваше стока надвор од тезга, нокаутираше полицајка. На немилиот настан му претходела караница, а потоа и негодување бидејќи полицајката се обидела да ја задржи нејзината торба со стока. Откако удри официјално лице, Садија избега а само неколку часа подоцна е уапсена и приведена.

Во изјавата пред надлежните Садија кажа дека со продажбата на пазар го издржува целото семејство и дека тезгите се многу скапи при што не е во можност да си дозволи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter