ВИДЕО: При пад на авион за медицинска евакуација загинаа 8 лица

Авион кој бил изнајмен за медицинска евакуација на лица се урна во неделата на Филипините во текот на полетувањето, при што загинаа осум лица на екипажот.

Откако авионот полетал од меѓународниот аеродром Ниној Аквино близу градот Манилa, избувнал пламен од моторот и авионот за кратко се урнал.

„Авионот беше во меѓународна мисија на евакуација, а одредница му беше јапонскиот аеродром Ханеда. Загинаа сите шест членови на екипажот и двајца патници“, се наведува во соопштението.

Авионот ѝ припаѓал на воздухопловната компанија „Lion Air“, кој требало да лета кон Токио, пренесува весникот Philippine Daily Inquirer. , кој се повикува на очевидци според кои по избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија.

Според непотврдени информации, еден од патиците бил 63-годишен канадски државјанин, а втората патничка биле 58-годишна Американка од филипонско потекло.

Сите членови на екипажот, тројцата пилота, механичарот, лекарот и медицинската сестра, биле филипински државјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter