ВИДЕО ПОЛНО ЕМОЦИИ: Македонката која го победи Ковид-19 на Клиниката во Скопје пее песна за медицинските лица и сите они кои се борат со вирусот во Македонија

Еден од 12-те пациенти кои се излечија во Македонија и го победија коронавирусот е Михаела Јаневска.

По опоравувањето од коронавирусот оваа младата девојка сними видео во кое ја пее песната „Stand By Me“, со една цел, да ги охрабри останатите пациенти кои се сè уште во болница, кои сеуште се борат со вирусот.

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – пишува Михаела.
Во пордолжение прекрасната изведба на Михаела, уживајте:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter