[ВИДЕО] – КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди денеска источниот дел на Турција.

Засега нема извештаи за жртви.

Некои жители на овој регион на страниците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар напишаа дека темелите на нивните домови силно се занишале. Други напишаа дека делови од нивните куќи се оштетени, пренесува хрватски „Индекс“.

Земјотресот се случил во 18:55 часот, а епицентарот бил на 11 километри североисточно од Догањол.

Во продолшение погледнете го видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=G3Mze-nRLEU

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter