ВИДЕО: Градоначалници од Италија псујат, нервите им се веќе при крај!

Најголемите предизвиците со кои моментално се соочуваат властите ширум светот додека се борат да го спречат ширењето на коронавирусот е спроведувањето на полицискиот час откако ќе биде прогласен на теритпријата на една држава.

Во Европските земји како што се Шпанија, Франција и Италија, која е првата европска земја што прогласи карантин, држењето на луѓето во карантин стана политика за справување со ситуацијата.

И покрај сите препораки кои ги даваат надлежните, сепак некои луѓе не се придржуваат кон нив.

На социјалните медиуми во Италија па сега и во светот се споделуваат видеа на кои се гледа како функционерите преземаат драстични дејствија за да допрат до своите сограѓани.

-Каде сте тргнале со тие кучиња? Да не имаат проблем со простатата? Мора да останеш дома, вели градоначалникот Гвалдо Тадино на својот Фејсбук профил.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро бил снимен како оди по плажата и на луѓето кпи ги затекнал таму им вели да си одат дома.

Ни градоначалникот на Лучера, Антонио Тутоло што му дошло на памет тоа зборувал, не одбирал зборови во своето обраќање.

-Оние еб*ни фризери кои одат по куќи да прават фризури и шишаат, што к*р прават? Не сфаќате дека ќе ве закопаат со затворен сандак? Кој ќе ви ја види фризурата под затворен сандак? Додаде градоначалникот.

Во продолжение погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter