ВИДЕО: Брутално шутира куче советник од Македонски Брод!

Нова снимка која вирално се шири на социјалните мрежи ширум Македонија ги потресе граганите. На снимката се гледа како возрасен маж насилно шутира куче пред локал повторно ги вознемири корисниците на социјалните медиуми. Снимката е направена пред локал, а се претпоставува дека лицето на видеото е Бране Јовановски, независен советник во општина Македонски Брод, кој е идентификуван од страна на сограѓани.

Советникот во изјава за А1.он демантира дека го малтретирал кучето, а на прашањето зошто го направил тоа, одговорил „Море што ме малтретираш човек, што е проблемот? Абе пијан човек, куче на улица ко куче на улица, што има да се расправам со тебе јас? Ај остај ме да спијам, не сум арен, остај ме ајде“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter