ВЕРНИЦИ или НЕВЕРНИЦИ? – Во Ботевград наместо за крстот, се фатија за гуша, разменија и боксови [Видео]
Сме виделе дека борбата за крстот на Водици знае да излезе надвор од рамките на она што е христијанството. За жал на повеќе места и во повеќе наврати се случило да верниците излезат од рамките на христијанството и преку разни недолични потези да се обидат да го фатат крстот.
Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.
Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Традиционално, во водите во градовите и другите населени места низ Македонија ќе бидат фрлени крстови.
Секоја година сведоци сме и на видео снимки кои редовно ги ставаме во категоријата срам и блам за Водици. Оваа година такво видео дојде од Штип, а за тоа како во Ботевград во минатото поминал овој ден, погледнете во продолжение: