Венко Филипче: Hе постои никаква терапија за вирусот, се лечи симптоматски!

Во последната прес-конференција на која се обрати министерот за здравство, Венко Филипче, емитувана во 20:30 часот изјави дека заразената со корона вирус која пристигнала пред околу 10 дена од Италија има лесна форма на болеста, односно болеста има зафатено само едно белодробно крило и истата е под медицинки надзор. Пациентката се лечи со антибиотска терапија и симптоматски.
Сите 9 патници, од кои еден возач кои се превезувале во комбето со кое стигнала заразената од корона вирус се идентификувани на две места во Скопје, заедно со нејзините роднини кои ја пречекале во Струмица.

На терен епидемолози прават анализа со кои се лица имале контакт тие лица кои биле во контакт со неа за да можат истите да бидат испитани на корона вирус.

Сите лица кои имале контакт со заразеното лице ке бидат оставени во домашна изолација и ке бидат надгледувани од страна на медицинки лица и истите ке бидат обезбедувани од срана на службени лица на Министерството за внатрешни работи.
Сите лица ке останат 14 дена во изолација.

Министерот истакна дека нема простор за паника, кажува дека имало и порано епидемии и сега има грип и дека нема потреба да се купуваат залихи од храна и средства за лична хигиена бидејки нема потреба.

Министерот кажа дека се пренесува најмногу со капки кои се испуштаат при зборувањето, преку респираторниот систем и при допир.
Најмногу загрозени се постари лица кои предходно имале проблем со респираторниот систем или имале некое отешко заболување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter