Венко Филипче: Македонија е во критична состојба до 6ти март
Според министерот за здравство Внеко Филипче, државата е во критичен период се до 6ти март, а тоа е во корелација со веќе заболената пациентка која се наога на инфективната клиника во Скопје.
Филипче истакна дека ограничувањето на јавни собири токму поради таа причина, односно заболената пациентка и лугето со кои таа имала контакт и лицата кои се во домашна изолација.
Согласно анамнестичките податоци од пациентката, кога за првпат се појавиле симптомите, колку време претходно била во инкубација, сметавме дека мерката треба да важи за следната недела, до петок на 6 март рече Филипче.