Венко Филипче: Лицата над 65 години можно е да добијат забрана за излегување до крајот на годината

Ке се направи истражување дали возрасното население има или нема имунитет на коронавирусот, и во однос на резултатите кои ке бидат добиени можно е мерките за ограничено движење лицата над 65 години да траат до крајот на годината, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Овие тестирања кои ќе го покажат имунитетотна оваа група население на население се планира да бидат направени во текот на летото.

“Планот е да го направиме веднаш по попуштањето на мерките или некаде на лето со цел да го процениме имунитетот на пример на возрасните над 65 години, на децата во школска возраст или на работоспособното население. Тоа ќе ни биде показател како да се димензионираат мерките, помалку или повеќе рестриктивни, по возрасни групи тогаш кога евентуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста. Дали тоа ќе биде наесен или не, ќе ја следиме епидемиолошката крива. Врз основа на резултатите од тестирањето ќе дадеме мислење на пример за тоа како треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се утврди дека нема имунитет повозрасното население над 65 години може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време, до крајот на годината. Тоа ќе ни биде еден од показателите“, рече министерот Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter