Венко Филипче: Коронавирусот не ги напаѓа само белите дробови

Корона вирудот е вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи се во опасност. И покрај тоа што повозрасната група на граѓани е повеќе изложена на вирудот, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти, истакна министерот за здравство.

На прес-конференцијата, Венко Филипче истакна дека помеѓу тројцата починати пациенти во предходното денонокие има и еден 40-годишен пациент кој немал никакви претходни заболувања.

-Болеста беше манифестирана со најтешката форма. Станува збор за нов вирус за кој многу и не џнаеме, но свативме дека не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таква е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори. Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход, рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter