Венко Филипче: Заразените доилки можат слободно да ги дојат бебињата

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави вест поврзана со доилките, еве што порача:

Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со COVID-19 можат да дојат ако сакаат. Тие треба:
• Да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање;
• Да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето;
• Рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.
Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува.

https://facebook.com/story.php?story_fbid=2353879368252416&id=1819203381720020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter