ВАЖНО: Сите оние кои беа,скијаа и уживаа на бикини покрај базените во Банско сами да се пријават на наделжните, во спротивно ќе следуваат санкции

Од моментот кога зимскиот скијачки центар Банско беше ставен во карантин поради коронавирусот, началникот на Регионалниот центар за гранични работи Исток со седиште во Делчево, Марјанчо Шумански со мислење дека граѓаните кои го посетиле ова туристичкото место во периодот околу 8 март и после праџникот, задолжително треба да се пријават до надлежните органи.


-Еве сега жаритшето се проширува, имам последна информација дека Банско е од типот на Дебар во карантин, а имаме луѓе кои биле присутни на подрачјето на Банско. Ќе мораме апел да пуштиме до медиумите сите да бидат свесни и да се пријават и да се стават во самоизолација. Апелот мора секојдневно да се споделува, бидејки поединци се однесуваат неодговорно, вели Шумански.

Исто така Шумански информираше дека според евиденцијата на Регионалниот центар за гранични работи, досега вкупно 39 лица од странски држави, се вратиле во Делчево, М.Каменица, Берово и Пехчево, од кои најмногу од Италија.

-Тие се претежно од Италија вие знаете дека нашите претежно се ориентирани на привремена работа во тој регион кај што е жариштето. Моментално по евиденција за влез во Република Македонија на подрачјето на Делчево, Берово, М. Каменица и Пехчево за самоизолација имаме 39 лица од кои за подрачјето на М. Каменица се 16 лица. Имаме голем дел и од тие што не се евидентирани. Засега немаме поголеми проблеми, бидејки полицијата може да контролира помал број, но доколку се дојде во бројка од 200, 300 кои ќе треба да се контролираат, тогаш ќе биде проблем, додаде Шумански.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter