Бројот на заразени од вирусот порасна, вкупно 42 заразени во Македонија

Според процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Од 38 тестирани лица, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 лица се од Скопје.

Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на позитивни на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија.

Во моментов, се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови ќе информираме во текот на утрешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter