Бојко Борисов: Го поддржуваме отварањето преговори на Северна Македонија со ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на денешната средба во Давос на Светскиот економски форум, заедно со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, уште еднаш ја потврдил поддршката на Бугарија за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ.

Борисов изразил очекување дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде засегната од политичката состојба во нашата држава, соопштија од Кабинетот на Премиерот Борисов.

Борисов и Димитров разговарале и за заедничкото претстојно претседателство со Берлинскиот процес во 2020 година. Во фокусот на нивниот разговор беше позитивниот развој на билатералните односи по склучувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка, пренесуваат бугарските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter