БОКИ 13: Јас не сум експериментален глушец!

Не поминува рочиште за случајот „Рекет” обвинетиот Боки 13 да не го чуе јавноста. Тој постојано укажува на судот за неговата лоша здравствена состојба. Иако, за разлика од првите судски рочишта, денес тој изгледа подобро, иако тој пред судот тврди дека нема подобрување на неговото здравје, и дека состојбата му е влошена и дека се чувствува се полошо.
За периодот од половина година, Јовановски денес пред јавноста се пожали дека бил носен на прегледи 55 пати.

Па тој истакна:

„Ви укажувам дека нема подобрување на мојата здравствена состојба и дека, напротив, здравјето ми е влошено. До сега 55 пати ме носат на испитувања и веќе е доста. Има конкретна дијагноза и дадени напатствија од специјалисти кои не се почитуваат. Се чувствувам комплетно дискриминиран и состојбата на органот на кој сум опериран преминува во малигнитет. Јас не сум експериментален глушец и не може обвинителката Русковска да дава дијагнози дали сум здрав или болен”,

рече Боки 13 пред судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter