БОКИ 13: Рускоска проневерила 4 милиони евра!
Обвинетиот во Рекет, Бојан Јовановски на денешното рочиште ја обвини обвинителката Вилма Рускоска за проневера на 4 милиони евра.
Тој во судницата рече дека за таквото тврдење поседува несоборливи докази. Најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа но и уште против 18 лица.
Судијата која го води предметот го советуваше дека судницата не е местото за тоа и го упати пријавите да ги поднесе до надлежните институции. Јовановски додаде оти повеќе Русковска не ја смета за надлежен обвинител за Рекет и ќе бара нејзино изземање.