Боки 13: Не сум за дијазепам, имам рак на желудникот, итно морам да бидам опериран!

Додека обвинителството ги презентираше фискалните сметки од Милано како докази за луксузот, Бојан Јовановски откри дека му дијагностицирале рак на желудник. Не прифати Итна помош во судот да го прегледа и порача дека не е за диазепам, туку за операција.

Внатре во судницата се читаа докази како Јовановски живеел на висока нога. Неколку дена откако ја земал торбата со милион евра од Камчев, како што тврди обвинителството, Боки 13 се луксузирал во Милано. За само 3 дена потрошил речиси 150 илјади евра. Се читаа сметки од по 26 000 евра, 9000 евра, 2000 евра, 800 евра во скапи продавници. Стигнаа на ред и пораките. Во февруари минатата година на Катица Јанева и пуштил слика со мебел и ја известил дека е пристигнат. Со Орце Камчев си разменувале судски одлуки, решенија од СЈО.

О. Камчев: Лиле не мирува и Зоки читам глупости зборел

Се читаше и комуникација со потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, која е обвинета дека му помагала во измамата со старечките домови на Јовановски во случајот Меѓународен сојуз.

Ф. Ременски: Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучи за притворот на Орце

Боки: Не

Ф.Ременски:Дај Боже

Ф.Ременски Сафет Кадрии, Цветанка Периќ и Јани Нича

Јовановски комуницирал и со Дејан Панделески, син на осомничениот Цветан Панделески во Империја, кој му праќа слика со покана од СЈО.

Д. Панделевски: Види за тато

Боки: Чекам инфо, ќе те барам

Д.Панделевски: Тутунска

04.03.2019
Д. Панделевски до Боки: Денес 500, ме блокира царина, не можам повеќе“

08.05.2019
Д. Панделевски до Боки:Ќе имаш од мене 5 м., тоа е максимум“.

Во сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова за Рекет кажа дека нејзината шефица Катица Јанева повеќе се обидувала да влијае за Панделевски отколку за Камчев. Сите овие пораки се извадени од мобилниот телефон, на Бојан Јовановски, преку Ватсап апликацијата. Во судница беше пуштена и снимката која ја објави италијанскиот Ла верита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter