БОКИ 13 ВО СОЛЗИ: Оставен сум без парче гардероба и тоа е преседан
Лустер, огледало, огромен телевизор со заоблен екран, познати уметнички слики од Мартиновски и Личеновски, луксузна гарнитура, скапоцена ламба, одзело Обвинителството од домот на Бојан Јовановски.
Од гардероба пак се одземени 77 пара пантолони, како и 15 пара папучи, 50 капути, 30 тренерки, 15 каиши, 50 кошули. Одземени се и ланче, брошеви, 80 пара наочари, мажетни и украси „Сваровски“ и др.
Јовановски заедно со неговиот адвокат бараа облеката да се донесе како доказ на суд но судијката тоа не го дозволи.
Оставен сум без парче гардероба и тоа е преседан
рече Боки