Битола: Се тепале на улица со соседите, наместо да седат во изолација која им била изречена поради враќање од Италија

Поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство од Битола денес поднесе предлог за издавање казнен налог на пет лица, членови на семејство, кои сториле кривично дело.

На обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена како резултат на нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14.03.2020 година до 27.03.2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола.

Во текот на вчерашниот ден 18.03.2020 година, околу 12:00 часот, излегле од својот дом на улицата пред нивната семејната куќа, вербално почнале да се расправале со своите соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите, при што им нанеле телесни повреди. Со овие постапки сите обвинети не постапиле според донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за заштита од епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19.

Како ресултата на горе наведеното, Јавен обвинител од ОЈО Битола поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter