Без тест и дозволи за патување, од денес отворени границите на Србија

На вчерашната седница која се одржи во Србија, српската влада го усвои предлогот кој беше додтавен од Кризниот штаб, а се однесуваше за отварање на граничните премини и слободен влез во Србија, без потребниот тест за коронавирус.

Kpизниот штаб, на состанокот кој се одржа во вторникот, ја анализираше тековната епидемиолошка состојба во државата и адаптирањето на мерките, при што на Владата ѝ беше препорачано, започнувајќи од петок – 22 мај , за влез во Србија да не биде потребен негативен тест на Ковид-19 или некоја посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

На сите лица кои што влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и за начините за спречување со инфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter