Бездомниците и питачите во Скопје ќе се згрижуваат по 21 часот, поради воведениот полициски час

Со истекување на првиот ден од полицискиот час во нашата држава, го отвори и прашањето поврзано со бездомните лица и децата питачи кои синоќа по стапувањето на сила на полицискиот час камерите на медиумите синоќа ги зебележа на улиците.

Надлежните органи односно, од Центарот за социјална работа на град Скопје во врска со затекнатите бездомни лица и деца питачи во време на полицискиот час, велат дека постапува специјалиизран тим 24 часа во текот на денот.

„ Овој тим постапува по однос на сите ранливи категории меѓу кои спаѓаат и бездомните лица и децата питачи.Постапувајки согласно насоките на Владата,во тек е обезедување на дозвола со која овој тим ке постапува и после 21 часот.По излегување на терен и детектирање на овие лица ке им биде понудено и сместување ,а воедно ке бидат почитувани и препораките лицата да бидат изолирани .“ – велат од Центар за социјална работа на град Скопје

Првиот човек во ресорот на МВР, Наќе Чулев изјави дека во координација со Центарот за социјална работа на град Скопје бездомните лица и децата кои питачат ќе се носат во пунктот Момин поток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter