Ахмети: Ја одбив понудата да ја поделам Македонија [ВИДЕО]

Во минатото на лидерот на ДУИ, Али Ахмети му била понудена делба на Македонија.

Тој истакнува во интервјуто за “ABC News” дека било каква поделба на Македонија ќе влијае подеднакво штетно и за македонците и за албанците.
Во продолжение погледнете го интервјуто.

– Имав понуда од лидерите на големите политички партии за поделба на Македонија, но јас веднаш ја одбив таа понуда. Оти, секоја поделба на оваа земја ќе биде штетна. Многу штетна за Албанците, но и за Македонците. Не може да се поделат работите како со нож. Ќе имаше малцинства и таму и ваму. Ќе се отвореа нови рани. Ние не прифативме поделба на Македонија. Јас сум им кажал и на македонските политичари дека оваа држава е моја, колку што е и нивна. Сакам да ги имаме нашите симболи и јазик. Ние ги постигнавме овие цели. Имаме Универзитет, јазик во Собранието и во институциите, како и наши симболи – истакна Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter