АПОКАЛИПТИЧНА песочна бура во Австралија “брише” се пред себе [ВИДЕО]
Снимките се направени во неколку градови во областа Нов Јужен Велс.
Песочна бура се приближува кон неколку австралиски градови, со неверојатно голема брзина, а за тоа говорат и повеќето видео-снимки и фотографии кои се објавени на социјалните мрежи.
Песочните бури во тие градови денот го претвориле во ноќ, а некој од граѓаните снимиле како изгледа да се живее во такво невреме.