„Алкалоид АД Скопје“ со важно известување до граѓаните

„Алкалоид АД Скопје“ постојано работи со максимална искористеност на своите производни капацитети, како и човечки ресурси кои ни се на располагање. Компанијата има нааправено реорганизација на сите процеси се со цел да ги задоволат барањата на македонскиот пазар за лекови, дезинфициенси, медицински алкохол, антисептици и останати средства со антибактериско дејство.

Поради големата побарувачка на дел од горе наведените производи и предизвиците со кои се соочуваме при набавка и транспорт на суровини и амбалажа од увоз, изјавија од компанијата дека е можно да се јави застој во некој од сегментите сегмент, но сепак во ниту еден случај нема да се дозволи прекин во снабдувањето на било кој од споменатите производи.

Според вонредните услови за функционирање во компанијата „Алкалоид АД Скопје“, приоритет во снабдувањето со средства за дезинфекција и хигиена даде на болниците, здравствените домови и институциите кои функционираат во кризни услови. Доставата до веледрогериите (аптеките) и дистрибутерите (ланците маркети) можно е во овој период да се одвива со мал застој но тоа е првенствено заради неумерените набавки од страна на домаќинствата и очекуваме дека наскоро истото ќе се надмине.
Водени од начелата за корпоративна општествена одговрност, како и хуманата програмско-производна определба насочена пред сѐ кон крајните корисници „Алкалоид АД Скопје“ цврсто ќе остане на одлуката да не ги зголеми цените на ниту еден производ од било кој сегмент на своето производство независно од зголемувањето на цените на влезните суровини, логистичките и ресурсните предизвици со кои се соочуваме. Излезните цени на нашите производи, особено на лековите, дезинфициенсите, медицинскиот алкохол, антисептиците и останатите средства со антибактериско дејство се дистрибуираат согласно ценовниците кои важат од 1 февруари 2020 година и ќе останат исти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter