АЛИ АХМЕТИ – Ниту една друга варијанта нема да биде прифатена од страна на ДУИ

Али Ахмети, претседателот на Демократската Унија на Албанците, по средба со преставниците на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, изјави дека Предлог-законот за јавно обвинителство е единствената верзија за која се договориле вчера во Владата, и дека ниту една друга варијанта нема да биде прифатена од страна на ДУИ.

-Јас знам дека Законот за јавно обвинителство е единствениот закон за кој се договоривме вчера, но законот кој што имал измени според волјата на другите јас не знам, бидејќи постојано сум на средби и пред малку сум информиран дека законот претрпел некои измени

изјави Ахмети, пишува Алсат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter