Ако сте ги имале овие симптоми можеби вашиот организам веќе се изборил со Ковид-19

Корона вирусот според експертите и барем како што тие тврдат во последните денови може да се прележи и на нозе.

Експертите ширум светот наведуваат дека постои можност дека некои од луѓето да прележале коронавирус и пред епидемијата официјално да започне. Ако сте имале некои благи облици на овие симптоми, најверојатно успешно сами сте се избориле со овој вирус.

Истражувањето кое што било спроведено на Универзитетот Оксфорд покажало дека постојат осум јасни знаци кои укажуваат на тоа дека сте прележале коронавирус:

Очна инфекција
Новото истражување покажало дека инфекцијата на очите, како конјуктивитис може да биде симптом на Ковид-19.

„Познато е дека било која инфекција на респираторниот тракт може да резултира и со вирален конјуктивитис како секундарна компликација, што е случај и со Ковид-19“ – истакнуваат научниците.

Сува кашлица
Еден од најчестите и најпрепознатливи симптоми на коронавирусот е токму сувата кашлица.

Ментален замор
Иако тоа не е официјално препознатливо како симптом за коронавирусот, некои од заразените пациенти го пријавиле како симптом.

Температура
Освен сува кашлица и ова е еден од најчестите показатели за коронавирус.

Потешкотии во дишењето
Чувство на притисок во градите и неможноста длабоко да вдишете исто така се наведува како симптом.

Губење на сетилата за слух и мирис
Неодамна британската Асоцијација за оториноларингологија предупредила дека губењето на сетилата за мирис и вкус може да укажува на Ковид-19.

Стомачни проблеми
Кај некои случаи од заразените со Ковид-19 имало и симптоми на дијареа.

Физички замор
Уште еден од симптомите на Ковид-19 кој што се појавува како последица на настинка, вируси, но и многубројни други болести е чувството на замор и исцрпеност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter